СДСМ: Пријавите против Трајан Димковски се монтирани

t

Фатена во огромниот скандал со ИПАРД тежок 130 милиони евра власта на Христијан Мицкоски прибегна кон единствено што знае: спнови и политички монитрани случаи. – се вели во соопштението на опозициската СДСМ.

Власта ги оштети земјоделците за повеќе од 130 милиони евра со мега-корупциски скандал кој води директно до Трипуновски и Мицкоски и за кој нема никаква одговорност, ниту политичка ниту правна. Сега се обидува со монтирани обвинувања да дефокусира, да ја замајува јавноста и да се вади од сопствениот криминал во којшто е заглавена.

Ваквите монтирани и неосновани пријави за Трајан Димковски, кој целосно ги разобличи сите злоупотреби на Министерството за земјоделство и неспособноста на оваа власт не може да бидат никакво алиби.

Очекуваме судските органи да го следат исклучиво словото на законот и во целост да ги отфрлат овие неосновани и монтирани пријави за Димовски. Станува збор за класичен политички прогон, без правна основа и обид за замолчување на СДСМ во откривање на сите корупциски скандали на власта на Мицкоски.

На граѓаните повеќе од јасно им е дека методите на Никола Груевски и режимските инструменти на голема врата се вратени и се применуваат.

Порачуваме дека СДСМ ќе продолжи гласно да зборува и да ги открива нивните криминали а ваквите обиди ќе бидат казнети од граѓаните кои веќе ја прочитаа ова власт. – порачуваат од партијата.

Приведен ексминистерот за земјоделство Трајан Димковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…

СДС се познати по пропаѓањето на банки…