СДСМ продолжуваат со убедување: Не може да има бугаризација со чист македонски јазик во ЕУ

t

„Анти европската коалиција на ВМРО ДПМНЕ и Левица има проблем со пласираните невистини. Не може да има бугаризација со македонски јазик во ЕУ. Во ЕУ како Македонци со чист македонски јазик не е асимилација, тоа му јасно на секого. Бугаризација има колку што имаше кантонизација и федерализација“, велат од СДСМ.

„Невистините за бугаризација и асимилација се пласирани затоа што немаат вистинска аргументација противниците на членството во ЕУ.

Анти-европска коалиција функционира врз база на хистерично ширење невиситни.

Изминатите неколку денови се случија насилни протести, тензии но и обид за крваво сценарио за предизвикување етнички конфликт, кое не успеа.

ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица, помогнати од Алијанса се обидоа во среде Скопје да испровоцираат меѓуетнички конфликт од огромни размери.

Сето ова говори за сериозноста на одредени анти европски структури кои сакаат да ја дестабилизираат државата, да го повторат 27 април или 2001 година.

Затоа потребно е одговорност за насилството и за режираните крвави сценарија да понесат сите инволвирани. Институциите, безбедносните структури, нема да дозволат кој било да ја загрозува стабилноста на државата“, се додава во соопштението од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…

СДС се познати по пропаѓањето на банки…