СДСМ: Просечната плата е трипати поголема од времето на ДПМНЕ

t

Во време на ДПМНЕ работниците беа третирани како евтина работна рака и затоа минималната плата беша 8.000 денари а просечната плата беше едвај над 20.000 денари. СДСМ минималната плата од 8.000 денари ја покачи на 22.500 денари, што значи 3 пати повеќе од времето на ДПМНЕ, се пофали утрово од владеачката партија.

Додаваат дека во време на ДПМНЕ беа потребни 4 минимални плати за потрошувачка кошница, а денеска 2.

-Просечната плата СДСМ ја покачи на 40.000 денари што е речиси двојно од времето на ДПМНЕ. Дополнително, СДСМ врати над 2,6 милијарди евра назад кај граѓаните а ДПМНЕ – НУЛА, ниту еден денар, потенцираат од СДСМ.

Вчера, пратеничката група на СДСМ и коалиција поднесоа измени на шест закони, со кои, како што велат, ќе се спречи зголемувањето на платите на функционерите.

Бившиот премиер и актуелен лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, седум месеци по стапувањето на сила на одлуката на Уставниот суд со што платите на функционерите рипнаа за 78 проценти, најави дека треба да се најде друго поприфатливо решение за платите.

Од 21 март 2023 година со одлука на Уставниот суд пратениците, судиите, обвинителите, избраните и именуваните функционери, градоначалниците, директорите на разни фондови, агенции и државни фирми имаат зголемена плата до 78 проценти. Освен министрите, поголеми плати имаат и претседателот на државата, судиите, обвинителите, пратениците, градоначалниците, директорите на државните и на јавните претпријатија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мециновиќ: Левица може да ја замени СДСМ…

Левица може да ја замени СДСМ во…

Мицкоски: Обезбедени се 61 пратеник, сега целта…

Можам со задоволство да кажам дека досега…

Албанската коалиција „Вреди“ денес на преговори во…

Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на…

Битиќи ги демантира сите шпекулации: Останувам во…

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на…

Петровска: Мојот личен рејтинг е во втор…

Министерката за одбрана, која е и претседавач…