СДСМ: Процесот на уставни измени е отворен

t

„Проевропскиот блок на чело со СДСМ ќе направи се за да ја пробие блокадата на европскиот пат од страна на ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Процесот на уставни измени во македонското Собрание само што започна. Моментално над 70 пратеници го поддржуваат, ќе продолжиме да работиме за обезбедување потребно мнозинство“ соопштија утринава од владејачката СДСМ.

Оттаму велат „иднината на македонската држава е во ЕУ, тоа го посакуваат 80 отсто од македонските граѓани, но и една четвртина од гласачите на ДПМНЕ“.

„Поддршката за европскиот пат на државата, јасно е искажана и од бројни високи европски претставници, меѓу нив последна е претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен која синоќа порача дека Македонија припаѓа во ЕУ и повика сите политички субјекти во земјава да дадат поддршка на европскиот пат. Како што обезбеди членство во НАТО, како што обезбеди почеток на преговори со ЕУ, така СДСМ заедно со европскиот блок ќе обезбеди членство во ЕУ, со заштитетн и потврден македонски идентитет и покрај блокадите од ДПМНЕ и Левица“ се вели во партиското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…

СДСМ нема да биде алиби на власта…

Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…

Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…

Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…

СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…

Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…

Савески да постапи по кривичните пријави од…

Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…