СДСМ: Референдумот на Мицкоски е измама кон граѓаните
Иницијативата за референдум е најновата измама на Христијан Мицкоски кон граѓаните, велат од СДСМ во партиско соопштение.
Референдумот на Мицкоски, додаваат од таму, е против интеграција во ЕУ против македонскиот јазик и македонскиот идентитет и исклучиво за негови сопствени цели.
„Мицкоски е докажан анти ЕУ политичар кој прави се да ја оддалечи државата од евроинтегративниот процес. Цела година тој зборува за избори, за ново парламенарно мнозинство, со месеци лажеше за наводна асимилација и бугаризација, а сега откако пропаднаа сите негови лаги, се обидува одново да ја измами јавноста. Сето тоа граѓаните го знаат и затоа не го поддржуваат Мицкоски во овој негов најнов обид да си ја задржи фотелјата во Белиот дворец“, се вели во соопштението од СДСМ.
Оваа негова иницијатива, додаваат од партијата на власт е осудена на пропаст, тој веќе нема поддршка ниту во својата партија.
„Граѓаните нема да дозволат Мицкоски да го закочи нормалното функционирање на државата, нема да дозволат државата да се оддалечи од европскиот пат, само затоа што тој сака да ја спаси фотелјата во белиот дворец дури и по цена на државните интереси“, се прецизира во напишаното од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…
Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…