СДСМ се пофалија: Ковачевски со државнички политики обезбеди гас од Србија
Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски преземаат навремени мерки за обезбедување доволно енергенси за претстојната зима. Со државнички политики Ковачевски обезбеди гас за училиштата и болниците“, соопштија денеска од СДСМ.
„Постигнат е договор со Република Србија, со кој Република Македонија се иззема од забраната за извоз на природен гас.
Преку политиките на добрососедство, во рамки на иницијативата Отворен Балкан, обезбеден е компресиран гас за потребите на училиштата и болниците во многу градови низ државата.
СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи ги става на раполагање сите домашни капацитети за производство на електрична енергија.
100 отсто од потребите за струја за домаќинствата и малите потрошувачи се добива од домашно производство.
СДСМ и Ковачевски преземаат навремени и ефикасни мерки за помош на граѓаните и компаниите за полесно справување со кризата“, велат од партијатаа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на…
Потпишан е договорот за продажба на рускиот…
Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…
Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…