СДСМ се пофали: Маричиќ избран за член на претседателството на ПЕС, Шекеринска доби нов мандат како потпретседател
СДСМ соопшти дека македонските социјалдемократи имаат огромен придонес во градењето прогресивна и одржлива Европа. Конгресот го избра новото раководство на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) меѓу кои останува поранешната министерка и лидер на СДСМ, Радмила Шекеринска, која е реизбрана за потпретседателка на ПЕС.
-Свој придонес во заложбите и целите на Партијата на европските социјалисти за справување со предизвиците и созадавање на нови можности за граѓаните ќе дава и секреторатот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, кој е избран за член на Претседателството на ПЕС, велат од владеачката партија.
Посочуваат дека нивниот избор во највисокото раководство на ПЕС е признание за нашето политичко делување и искуство во креирањето на вистински и прогресивни политики не само кај нас дома, туку и во Европа.
-Ова е од особено значење за СДСМ и за Македонија бидејќи преку активноста и учеството во Партијата на европски социјалисти имаме влијание врз економските, политичките и социјалните политики, со што повеќе им се приближуваме и поврзуваме со нашите европски партнери, стои во соопштението на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…
Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…
Секој кој ќе ги исполни условите може…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…