СДСМ потсетува дека сеуште биле на Власт и се правда: Во Италија и Турција струјата била поскапа
Со навремени мерки го штитиме стандардот на граѓаните, ова е најмало поскапување, а обезбедена е и финансиска помош за помали сметки за струја, пишува во денешното соопштение од СДСМ.
„Поради глобалната енергетска криза ширум светот расте цената на струјата. Во Италија цената на струјата е поскапена за 55 отсто, во Турција за 50 проценти. Со навремени мерки и политики успеавме да го заштитиме стандардот на нашите граѓани со најмало поскапување на струјата од 9,48 проценти.
Активирањето на сите расположливи енергетски капацитети за домашно производство на струја значително придонесе за тоа. За дополнителна заштита на граѓаните со пониски примања обезбедени се средства за помош на ранливите семејства. 7.500 семејства ќе добијат 600-800 денари за субвенционирање на сметките за струја. Во буџетот веќе има слободни 130 милиони евра, во наредниот период ќе следуваат и други антикризни мерки за помош и на граѓаните и на стопанството“, пишува во соопштението.
Од партијата потсетуваат дека се на Власт и дека преку Владата и наводното парламентарното мнозинство кое што го предводи СДСМ ќе продолжи со носење и реализирање мерки и политики со цел ублажување на последиците од енергетската криза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…