СДСМ: Судир на интереси во ОИК Зелениково со цела фамилија на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ, ДИК да ги разреши
Денеска јавно укажуваме на скандалозен судир на интереси, непотизам и директна злоупотреба на изборниот процес во Општина Зелениково, во режија на ВМРО-ДПМНЕ, обвини Александар Алексовски од СДСМ.
Тој вели дека во Општинската изборна комисија на Зелениково за претседателка е назначена Елена Маневска Јовановска, сестра на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ – Коста Маневски.
Тоа само по себе претставува класичен судир на интереси и компромитација на интегритетот на изборниот процес. Но, скандалот не застанува тука. Целата фамилија на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ е по избирачките одбори. Сопругата на Коста Маневски е поставена во избирачки одбор на избирачко место број 2368, а неговата законска баба – мајка на сопругата, е член на избирачки одбор на избирачко место број 2376 во Палиград. Ова е класичен пример на партиска мрежа, непотизам и системско заземање на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се влијае врз гласањето и резултатите на изборите“, рече Алексовски.
СДСМ бара од ДИК итна реакција и разрешување на Елена Маневска Јовановска од местото претседателка на Општинската изборна комисија во Зелениково.
„Бараме веднаш да се отстранат од избирачките одбори сите роднини кои претсвуваат судир на интереси. ДИК мора да спроведе вонредна контрола во сите други општини за да се открие дали вакви злоупотреби постојат и на други места, бидејќи имаме основи да се сомневаме дека ова не е изолиран случај“, рече Алексовски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Опозицијата уште еднаш ќе побата минимална плата…
Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска најави…
Мицкоски: Владата сега се задолжува за да…
По обвинувањата од опозицијата дека Владата за…
СДСМ обвинува: За две години, Владата ја…
Ново политичко препукување меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ…
Лефков: Талогот на СДС и Филипче за…
Венко Филипче кој има главна улога во…
Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3000…
Почетокот на новата учебна година повторно отвори…