СДСМ: Таравари се шета по САД и објавува рекламни паноа, а на Онкологија нема биолошка терапија

t

СДСМ го критикува министерот за здравство Арбен Таравари за проблемите на Клиниката за онкологија и немањето биолошка терапија. Му замерија на министерот „дека се шета по САД и објавува слики од рекламни паноа“.

-Недостигот од лекови како „atezolizumab“, „bevacizumab“, „palbociclib“, „ribociclib“ и други, претставува алармантен проблем. Станува збор за лекови кои буквално значат живот за пациентите со метастатски канцери. Дали оваа влада, која ги троши народните пари на мебел, коли и луксуз, има барем малку одговорност кон граѓаните чие здравје и живот се загрозени, прашаа од СДСМ, барајќи итно преземање мерки за обезбедување на потребната терапија за сите пациенти.

Пациенти на Клиниката за радиотерапија и онкологија останаале без биолошка терапија. Како што објавија од МИА, дел од пациентите во моментов нема пристап до лековите „atezolizumab (tecentriq)“, „bevacizumab (avastin)“, „palbociclib“, „ribociclib“, „fulvestrant“ и „cetuximab“. Се стравува дека за брзо време, може да ги смена и лековите „trastuzumab emtansine (kadcyla)“, „nivolumab“, „cobimetinib“ и „vemurafenib“.

Иако минатата година со анекс се одобрија дополнителни сретства, очигледно и тие не беа доволни. Недостаток на терапија има од петокот, а се обидува Онкологија да добие дополнително средства да се затвори оваа дупка до одобрување на новиот буџет, изјавила една пациентка.

Oд ЈЗ УК за радиотерапија и онкологија соопштуваат дека достапноста на биолошката терапија е резултат на административни процедури од минатото раководство, како и дека со сите сили се работи на надминување на недостигот на терапија, а во меѓувреме пациентите се третираат со терапијата која моментално е достапна во Клиниката, согласно препораките на специјалистите и медицинските протоколи за третман.

-Ве информираме дека состојбата со достапноста на биолошката терапија е резултат на административни процедури, кои се реализираат согласно буџетот за 2024 година, додаваат оттаму.

Скандалот на Клиниката за онкологија од 2023 година, во кој вработени наводно краделе терапија од болни со карцином и ја препродавале, ja надополни листата на контроверзии и афери во македонското здравство за кои јавноста бара итни одговори и одговорност. Но, додека се чека завршница на истрагата од полицијата и обвинителството, за бројни претходни скандали и натаму нема разрешница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…

Падот почна од СДС, Венко Филипче и…

Фала на поддршката ама и вие и…

Српски студент како глас на српските стденти…

Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…

Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…

ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…

СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…

Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…

СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…