СДСМ: Тошковски нема капацитет да го расчисти вчерашното убиство кај Блаце и запаленото кафуле во Чаир
Министерот и началникот на СВР Скопје, кадри на Мицкоски и ДПМНЕ покажуваат голема некадарност во водењето на МВР. Најважното, безбедносна на граѓаните се загрозува со тоа, велат од СДСМ откако во текот на вчерашниот ден се случија убиство кај Блаце и беше запалено кафуле во скопски Чаир.
Од владејачката партија обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и министерот Панче Тошковски немаат капацитет да го расчистат случајот.
-Го очекуваме денеска Ковачки да излезе пред МВР и да побара одговорност од Тошковски, а од ДПМНЕ да излезе во јавноста со обвинување за него дека ја направил Македонија како Колумбија во 90-тите, стои во соопштението на СДСМ.
Како што беше вчера објавено, лицето З.Т. било пронајдено мртво во скопското село Блаце. Според информациите, ликвидиран е таткото на Гани Туша, осомничен за убиството на Орхан Бајрами – Оки, лани летото на Халкидики, а се тврди дека е поврзан и со убиствата на Јетон Кривањева – Жила и Енис Исеини во „Шиша бар“ во Скопје, кои се случија на 6-ти март 2023 година.
Неговиот татко бил убиен додека работел на нива, а бил пронајден со прострелни рани.
По убиствата, кои се дел од разбивањето на скопските нарко банди, Туша е во притвор во Скопје. Туша е член на група која се бори за превласт на скопскиот нарко пазар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Мицкоски е директно одговорен, тој и трговците…
СДСМ се огласи по повод изјавата на…
СДСМ бара Таравари да поднесе оставка
Социлајдемократскиот сојуз бара од министерот за здравство…
СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во…
„Зголемените трошоци за живот се претворија во…
(Видео) Гранати, експлозиви, цел арсенал… Еве што…
Експлозив и оружје е најдено во Арачиново,…
СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?
„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…