СДСМ: Ќе се избориме против блокадите нарачани од Груевски
СДСМ денеска преку соопштение порача дека „не прифаќа уцени“. Од владејачката партија додаваат и дека ќе се спротистават на блокадите на опозицијата за кои велат дека се нарачани од поранешниот премиер Никола Груевски.
„Граѓаните се разочарани од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е една од причините зошто Христијан Мицкоски се плаши од редовни избори во 2024 година. СДСМ не прифаќа уцени, туку ќе се спротивстави на блокадите на Мицкоски нарачани од Груевски. Институциите, граѓаните, нема да дозволат, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски повторно да ја загрозат иднината на државата само за да му удоволат на Груевски“, велат од СДСМ.
Тие додаваат дека имаат план да се спротивстават на сите блокади, заедно со коалициските партнери, и со парламентарното мнозинство да продолжат со работа за граѓаните и државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе…
Венко Филипче и Зоран Заев, по нивниот…
Петров: Изборот на Филипче за претседател на…
Поранешниот член на СДСМ, Андреј Петров, во…
ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…
Падот почна од СДС, Венко Филипче и…
Фала на поддршката ама и вие и…
Српски студент како глас на српските стденти…
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…