СДСМ: 74 тендери вредни 17 милиони евра само за една фирма, власта си дели тендери како колачи
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, денеска изнесе нови обвинувања за, како што рече, сомнителни јавни набавки, тврдејќи дека една фирма во период од две години добила 74 тендери во вкупна вредност од 17,6 милиони евра.
Според Димитријевиќ, поминале 53 дена од објавувањето на претходните наводи од страна на Антикорупцискиот тим на СДСМ, а, како што истакна, „нема ниту една институционална реакција“. Тој обвини дека Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупцијата и Финансиската полиција не постапиле по досегашните информации.
„Нема пари за повисоки плати, се кратат субвенциите за земјоделците за 40 милиони евра, а зад грбот на народот едни исти фирми добиваат милионски тендери“, изјави Димитријевиќ, додавајќи дека, според нивните податоци, фирмата „Ленди Груп“ ДООЕЛ Скопје за две години склучила 74 договори со институции.
Тој наведе дека наглиот раст на склучени договори започнал во 2024 година и продолжил во 2025 година, при што само во текот на минатата година биле склучени 59 договори, најголем дел со општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително, според него, вредноста на склучените договори во голем број случаи се поклопувала со проценетата вредност на тендерите, што, како што рече, претставува „основен индикатор за наместени јавни набавки“.
Димитријевиќ во изјавата посочи и на други случаи за кои СДСМ претходно алармираше, наведувајќи дека една семејна фирма добила 161 тендер, друга 51, а сега трета фирма 74 договори. Тој ја обвини власта дека „си дели тендери како колачи“ и дека јавните средства се користат за, како што рече, партиски и бизнис интереси.
Од СДСМ најавија дека Антикорупцискиот тим ќе продолжи со објавување на, како што велат, нови податоци и документи, додавајќи дека ќе бараат институционална одговорност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…
СДСМ нема да биде алиби на власта…
Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…
Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…
Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…
СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…
Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…
Савески да постапи по кривичните пријави од…
Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…