Себастијан Курц потпиша договор за вработување во САД
Поранешниот австриски канцелар, некогаш најмладиот премиер на светот, Себастијан Курц, потпиша договор за вработување во САД.
Како што пишува весникот „Естерајх”, Курц од следната година најмногу време ќе поминува во САД, бидејќи се вработил во приватниот сектор, во областа на инвестициите.
Курц најави дека следната година ќе објави детали за новото работно место и за која компанија станува збор. Естерајх тврди дека веќе е јасно дека Курц на новата работа ќе заработува повеќе отколку за време на неговиот мандат како канцелар.
Како канцелар имал годишна плата од 312.000 евра, а на новото работно место ќе заработува околу половина милион евра годишно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…