Објавено на:

Северна Кореја лансираше балистичка ракета: Јужна Кореја и САД одржаа комбинирана воена вежба

t

Северна Кореја соопшти дека тестот на интерконтиненталната балистичка ракета Хвасонг-15, е насочен да се унапредат капацитетите за нуклеарен напад врз непријателот, објави државната новинска агенција на земјата КЦНА.

„Ненајавената вежба – лансирање е доказ за подготвеноста да се развие нуклеарно контра-оружје и да се одговори на напаѓачките сили. Тоа е и гаранција и јасен доказ за нашата сила да спречиме нуклеарен напад“, соопшти КЦНА.

Ракетата прелета 989 ​​километри на височина од 5.768 километри и ѝ беа потребни 66 минути и 55 секунди за да стигне до својата дестинација информира тамошниот државен медиум.

Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот диктатор Ким Џонг Ун, предупреди дека Северна Кореја ќе одговори силно на секој непријателски чин.

Во меѓувреме Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави одржаа комбинирана воздушна вежба во која учествуваше американски стратешки бомбардер како одговор на севернокорејското лансирање на интерконтинентална балистичка ракета, соопшти јужнокорејската војска.

Во исто време јапонски ловци и американски бомбардери се очекува да учествуваат на вежбата околу Јапонија, чиј почеток ќе зависи од временските услови, јавуваат западните медиуми.

Заедничката воена вежба најверојатно ќе биде спроведена од Јапонија и САД денеска попладне како одговор на лансирањето на балистичката ракета од Северна Кореја, објави Ројтерс.

Јапонските ловци и американските бомбардери се очекува да учествуваат во вежбите околу Јапонија, а почетокот ќе зависи од временските услови, пишува Фуџи Њуз Нетворк, повикувајќи се на повеќе неименувани извори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…

Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…

Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…

Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…

„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…