Објавено на:

Севернокорејскиот лидер ќе ја посети Русија?

t

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун планира да ја посети Русија во септември за да се сретне со претседателот Владимир Путин, објави Њујорк Тајмс, цитирајќи неименувани американски претставници.


„Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун планира овој месец да отпатува во Русија за да се сретне со претседателот Владимир Путин, според американските и федералните претставници“, пишува весникот.


Според написот, посетата наводно била планирана за да се разговара за „можноста за снабдување на Русија со повеќе оружје“ и друга воена соработка.
Северна Кореја постојано ги негираше изјавите на западните медиуми и официјални лица за наводни испораки на оружје за Русија. Министерството за надворешни работи на Северна Кореја соопшти дека Пјонгјанг никогаш немал договори за оружје со Москва, а секој медиумски извештај за тоа е „апсурдна гласина“. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, истакна дека темата за наводни испораки на оружје за Русија од Северна Кореја и Иран е вештачки вметната во американските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…

Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…

Трамп: Путин сака договор за завршување на…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…

Директорот на ЦИА презема поголема улога во…

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска оцени дека…