Седум зaгинати откако мал туристички авион се урнa во Перу
Седум лица загинаа денеска во несреќа на мал авион кој леташе над геоглифите (древни теренски цртежи) на платото Наска во Перу, објави весникот „Ел Комерсио”.
Според изданието, во авионот се наоѓале пет туристи и двајца пилоти. Патниците биле државјани на САД, Чиле и Холандија. Засега не е позната причината за несреќата.
Летовите над геоглифите на Наска се исклучително популарни меѓу туристите кои доаѓаат во Перу. Во 1994 година геоглифите се прогласени за светско културно наследство на УНЕСКО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Силен земјотрес го погоди Перу, најмалку 25…
Земјотрес со интензитет од 6,0 степени според…