Седум локации – МВР забрани да се снима со дрон на локациите на кои ќе бидат погребани жртвите од пожарот во Кочани

t

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на следните населени места:

1. Кочани, вклучувајќи ги с. Оризари, с. Тркање и с. Зрновци,
2. Штип со околните места,
3. Општина Чешиново-Облешево, вклучувајќи ги с. Соколарци и с. Чифлик,
4. Струмица со околните места,
5. Пробиштип со околните места,
6. Македонска Каменица со околните места,
7. Виница, вклучувајќи го с. Митец,
8. Скопје – гробишта о. Бутел, гробишта о. Ѓорче Петров, гробишта с. Горно Лисиче и гробишта с. Горно Нерези.

„Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја. Оперирање со воздухоплови без екипаж во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство“, велат од МВР.

Од МВР одново апелираа граѓаните кои се собираат на протестит да ги одржуваат во мирна атмосфера.

„Апелираме до граѓаните во овие денови на неизмерна тага и болка во рамки на загарантираното со Устав право на собирање и одржување на протест, тие да се одржат во мирна атмосфера, да се почитуваат веќе донесените одлуки од страна на државните институции и да се почитуваат наредбите и насоките од страна на полициските службеници, во насока на обезбедување на мирот, безбедноста и сигурноста на сите граѓани во државата“, велат од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава: Незаконски продавале отпад од ,,Тутунски…

Од МВР информираат дека се поднесени кривични…

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…

Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…

Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…

Водата во Скопје е исправна за пиење,…

Водата во Скопје е безбедна и ги…

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…