Седум пожари се активни, четири се под контрола
Состојба со пожарите на отворен простор – 22.07.2025 до 13:00 часот
Благодарение на ангажманот на сите екипи на терен, во изминатите часови дел од пожарите се ставени под контрола или целосно изгаснати. Сепак, неколку локации и понатаму се соочуваат со активни жаришта.
До 13:00 часот, регистрирани се вкупно 15 пожари, од кои:
7 се активни,
4 се под контрола,
4 се изгаснати.
АКТИВНИ ПОЖАРИ (7):
Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
Општина Македонски Брод – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
Општина Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (ниска вегетација)
Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)
Општина Демир Капија – близу тунелите на автопатот Е-75 (ниска вегетација)
Општина Липково – с. Оризаре (ниска вегетација и стрниште)
ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА (4):
Општина Македонски Брод – с. Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева)
Општина Ресен – с. Шурленци – с. Езерани (трска и ниска вегетација)
Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани, м.в. Радобилски рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
Општина Прилеп – с. Штавица кон с. Чумово, с. Волково и с. Прилепец (ниска вегетација и деградирана шума)
ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИ (4):
Општина Дојран – с. Николич (мешана шума)
Општина Гостивар – с. Беловиште (нискостеблеста дабова шума)
Општина Велес – кај с. Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)
Општина Куманово – с. Речица (ниска вегетација)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…
Две мачки предизвикале голем пожар во стан…