Сежурне: Француските трупи би можеле да имаат неборбена улога во Украина

t

Сежурне им рече на пратениците дека мора да се разгледаат нови акции за поддршка на Западот за Украина.

„Некои од тие акции би можеле да бараат присуство на украинска територија, без преминување на прагот на борба. Ништо не треба да се исклучи“, рече Сежурне.

Тој додаде дека тоа е став и на францускиот претседател Емануел Макрон.

Во понеделникот Макрон не ја отфрли можноста европските нации да испратат војници во Украина.

Изјавата на Макрон предизвика низа одговори од сојузниците кои најавија дека немаат намера да испраќаат војници во Украина. /МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема полициска акција: Претреси на над 40…

Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде…

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки…

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…

Шефот на бугарската полиција вели дека нема…

Бугарија нема да ја екстрадира 23-годишната Ива…

Франција денес очекува 140.000 демонстранти

Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…

„Гугл“ го одбил барањето на Трамп –…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Гугл“…