Секс-скандал му “пресуди” на албански градоначалник: Протече видео од него и девојката во кабинет
Албанската Влада го разреши градоначалникот на Кукс, Сафет Ѓици, по објавувањето на скандалозното видео со интимни моменти со девојка во неговиот кабинет.
-Владата донесе одлука за итно разрешување на градоначалникот на Кукс. До распишување на предвремени избори, Владата деновиве ќе назначи вршител на должноста – изјави министерката за финансии и економија Делина Ибрахимај.
Таквата одлука доаѓа по објавувањето на видеото на социјалните мрежи и медиумите по што реагираше и самиот Ѓици, кој објави дека поднел оставка и дека подолго време бил во интимна врска со наведената девојка.
Притоа му даде политички премиси велејќи дека е „плен на стапица од политичките противници“ но, сепак, додаде дека е негов непромислен чин.
Во меѓувреме и Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, (СПАК) започна истрага против Ѓици, бидејќи „делото се случило во службени простории“.
На локалните избори, како кандидат на владејачките социјалисти, Сафет Ѓици (51) беше реизбран за градоначалник на Кукс со 11.632 гласа наспроти неговиот против кандидат Адмир Синамати од опозициската изборна коалиција „Победуваме заедно“, кој освои 9.592 гласа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…
Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…
(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…
Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…
Рама најави построги казни за протестите во…
Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…
Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…
Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…