Семинар во Европскиот парламент „Европски сертификат за родителство?“: Се предвидува можност хомосексуални парови “да си купат” бебе

t

Денеска, Коалицијата за заштита на децата го следеше семинарот „Европски сертификат за родителство?“ што се оддржа во Европскиот парламент во Стразбур, објавија од оранизацијата на нивната веб-страница.

Семинарот беше воден од Маргарита де ла Писа Карион, политичарка од Шпанија и член на Европскиот парламент, а говорници беа Летиција Пуликен, извршен директор на „Европа за семејството“, Хосе Луис Базан, правен советник на Комисијата на бискупски конференции на Европската Унија (COMECE), и Бенедикт Колин, Менаџер на закони од Федерацијата на здруженија на католички семејства во Европа (FAFCE).

Темата на којашто се говореше беше иницијативата од Европската комисија за прекугранично признавање на родителството, која инсистира дека сите земји членки мора да го прифатат таквиот предлог закон. Според овој предлог, родителството утврдено во една ЕУ земја треба да биде признато во сите останати земји членки, вклучувајќи го и истополовото „родителство“ и сурогатството, дури и кога тоа е во конфликт со локалните закони за брак, семејство и јавен ред.

Со прифаќање на оваа иницијатива, ќе се отворат нови внатрешни проблеми во земјите во кои не се легално признати хомосексуалните заедници, односно доколку се признае „родителство“ на хомосексуалци што имаат можност да купат бебе од странство, тогаш оние хомосексуалци што не можат тоа да си го дозволат, ќе бараат и настојуваат на промена на домашните закони, за и тие да можат да купат бебе од сурогат мајка во сопствената држава.

Исто така, настанува мешање и со другите видови на сексуални врски. „Родителството“ во земји каде се признати полигамните врски ќе треба да се признае и во оние земји каде полигамијата не е одобрена, со што се создаваат контроверзни ситуации каде ќе треба легално да се признаат 3-ца и повеќе „родители“.

На семинарот беше речено дека родителството не е и не може да биде легален термин, затоа што тоа својата основа ја има во биологијата. Маж и жена што се во хетеросексуална врска стануваат родители во моментот на зачнување и доколку се случи детето да им почине, тие сепак остануваат родители засекогаш, што не е случајот со хомосексуалното „родителство“ преку сурогат мајка.

Иако постојат тврдења дека праксата на сурогатство е легална и опфаќа дадена согласност од двете страни, сепак тоа не е така. Познато е дека во сиромашните земји, како што е Индија, некои жени прифаќаат да бидат сурогат мајки единствено поради незавидните околности во кои се наоѓаат, што претставува принудно прифаќање. Дополнително, животот на детето не се цени. Во Европа 500 евра се мошне малку пари, но во земји каде месечната плата изнесува само 25 евра, тоа би било мошне солидна цена за едно бебе, со што целосно се обезвреднува детскиот живот.

Друго тврдење е дека нема разлика помеѓу сурогатството и традиционалното посвојување деца. Сепак, и ова тврдење не е точно, бидејќи посвојувањето е законски стриктно регулирано и бара исполнување на ригорозни правила, додека сурогатството е трговија која се одвива исклучиво помеѓу сурогат мајката како продавач и оние што ќе го купат бебето, без дополнителни испитување на личноста и карактерот на купувачите, пришто на тој начин широко се отвораат вратите за злоставување на деца од страна на педофили и други предатори.

Крајниот заклучок беше дека со оваа иницијатива, се рушат правата на детето да знае за своето потекло и тоа станува предмет на кој му се одредува цена и со кој може да се тргува, односно иницијативата практично предлага легализација на трговија со бело робје (луѓе), притоа одземајќи го суверинитетот на секоја држава со тоа што се бара принудно и безуловно прифаќање на овој предлог.

Извор: Коалиција за заштита на децата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Речиси 8.000 мигранти илегално влегле во Словенија…

Предлогот за формирање нови центри за азил…

(Видео) Израел го демолираше парламентот во Газа…

Израелските војници во средата ја уништија зградата…

Се откажа обраќањето на Зеленски во романскиот…

Обраќањето на Зеленски во романскиот парламент кое…

Претседателот на парламентот на Канада си даде…

Претседателот на парламентот на Канда си поднесе…

(Видео) Летаа шлаканици, искршени наочари и искината…

Навреди, закани, скршени наочари и еден пратеник…