Сепак сториле воени злосторства: Рускиот војник призна вина
Вадим Шишимарин (21), рускиот војник кому се суди за воени злосторства во Украина, денеска се изјасни за виновен за убиство на невооружен цивил.
Тој е обвинет дека застрелал невооружен 62-годишен цивил во првите денови по почетокот на инвазијата и се соочува со доживотен затвор.
Според обвинители, Шишимарин бил во украдено возило со други војници во североисточниот регион Суми, кога наишле на 62-годишен велосипедист, кој држел мобилен телефон.
Наводно, на Шишимарин му било наредено да пука во цивилот, со цел да го спречи на украинските бранители да им ја открие локацијата на руските војници.
– Со ова прво судење, праќаме јасен сигнал дека секој извршител, секое лице што наредило или помогнало во вршење на злосторство во Украина, нема да избегне одговорност, изјави главната обвинителка Ирина Венедиктова.
Обвинителите велат дека би можеле да претстојат повеќе судења, откако ќе се идентификуваат илјадници потенцијални злосторства извршени од руските сили. Москва негираше дека нејзините војници целеле цивили.
Кремљ тврди дека нема информации за судење на руски војник и го обвинува Киев за измислување обвиненија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…
Украина и Русија во неформални разговори покажале…
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…