Сервилен пред Фон дер Лајен, а борбен на тастатура: Мицкоски не се појави ниту со народот ниту во Собранието!

t

Каде е Христијан Мицкоски на денешниот протест пред Собранието на Република Македонија?

Додека народот протестира на пеколни температури, зошто Мицкоски не е меѓу Македонците кои ги бранат идентитетот и јазикот?

Претходно Мицкоски на Фејсбук објави дека францускиот предлог ќе помине во Собранието, но уставните измени нема да поминат, по што партиското членство удри по претседателот на партијата нарекувајќи го “пифтија”, а воедно му посочија дека за 4 години не спречил ниту едно предавство и не направил ништо.

Зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи најавија дека ќе делуват од внатре, воопшто дозволија Фон дер Лајен да се обрати во Собранието и не реагираа за време на нејзиниот говор? Силен на тастатура, ама лидерот е кроток пред еврпските функционери, а кротки беа и пратениците кои едноставно држеа транспаренти за време на говорот на Фон дер Лајен.

Мицкоски веројатно ќе се појави во 19 часот, односно како што би рекол нашиот народ, после свадба тапани, опкружен со неколкумина партиски активисти, одвоен од македонскиот народ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Огласи за пет вработувања во Собранието, платите…

Отворени се огласи за пет работни места…

Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…

Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на сеќавање…

По повод 11 Јули – Меѓународниот ден…

Денеска ќе бидат доставени имињата на новите…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во текот…

Собранието ја изгласа потребата за носењето на…

Собранието со 59 гласа „за“, три гласа…