Сериски убиец од Англија ќе остане во подземна стаклена келија до крајот на животот

t

Еден од најопасните сериски убијци во Англија до крајот на животот ќе остане во подземна самица, направена од стакло отпорно на куршуми, откако му беше одбиена жалбата да живее со други затвореници.

Станува збор за Роберт Модсли (68), кој се наоѓа во изолирана подземна ќелија под затворот Вејкфилд, поради убиство на четворица мажи во периодот од 1974 до 1978 година, пишува „Дејли мејл“, а пренесува Танјуг.

Раководителите на затворот процениле дека е премногу опасно да се мешаат со други затвореници и чувари во казнено-поправниот дом во Западен Јоркшир, објави „Дејли стар“.

Инсајдер изјави за весникот дека на Модсли минатиот месец му било кажано дека е одлучено да се одбие неговата жалба, бидејќи сака да го помине Божиќ во друштво на луѓе.

Модсли ќе го помине остатокот од својот живот во ќелија со димензии 5,5 x 4,5 метри, изградена специјално за него во 1983 година и направена од стакло отпорно на куршуми.

Тој поминува 23 часа на ден во ќелија, спие на бетон и користи тоалети и мијалници кои се зацементирани на подот.

Има маса и стол од иверица.

Првото убиство го извршил во 1974 година, кога имал 21 година.

Тој го убил Џон Фарел во Платон Грин во Лондон, откако му покажал фотографии од деца кои сексуално ги злоставувал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Шок во Франција: Сериски силувач и…

Франсоа Веров изгледа опуштено додека учествува во…

Полицијата запрела БМВ, што влече камп приколка-…

Кога полицијата вчера попладне запрела BMW што…

Адвокатот на15-годишниот убиец од Прилеп: Делото го…

Обвинителството денеска побара психијатриско вештачење на 15-годишникот…

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Три деца убиени во предградие на Бристол,…

Четириесет и двегодишна жена е уапсена во…