Се бара извинување од Ковачевски за 3aeв и Филипче

t

Димитар Ковачевски треба да се извини за грабежот кој Заев и го приреди на државата во форма на 5 годишни буџети. За 60.000 останати без работа, за 5.600 фирми што ставија клуч на врата, за инфлацијата и десеткратно поскапата струја, се вели во соопштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ковачевски да се извини на сите фирми и граѓани на кои Заевци им барале рекет, а за што гледаме дека излегуваат и сведоштва како во писмото на Бојан Јовановски до Заев, за што самиот тврди дека има докази во неговиот телефон. Ковачевски да се извини за сите лаги кои Заев ги изрече, за безбројните датуми, кои само што не ги добивме, а сепак на крај не ги добивме. Ковачевски треба да се извини на целата нација затоа што Заев и Филипче 5 месеци не обезбедија вакцини затоа што бркаа провизии, а народот мораше да оди во соседните земји за да се вакцинира – порачаа од опозициската партија.

Мандатарот Ковачевски, од ВМРО-ДПМНЕ го советуваат да им се извини и на фамилиите кои изгубија членови на семејство, затоа што Заев и Филипче тераа бизнис и политика во пандемија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…

„Во куќата на Зоран Заев во Грција…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…