Се вжештува предизборната трка за претседател на САД
Кампањата на актуелниот американски претседател Бајден, за изборите во 2024 година почна со прво промотивно видео со наслов „причината“. Видеоснимката предупредува на екстремистичката закана за демократијата. И Трамп ја продолжува предизборната кампања со жестоки обвинувања кон противкандидатот Бајден. Американската јавност ја чека одлуката на Врховниот суд закажана на 8-ми февруари.
Се чини како никогаш досега – вжештена предизборната трка во сад. и со двајцата лути политички ривали – актуелниот претседател Бајден и поранешниот Трамп во засилена трка за добивање глас повеќе од американските избирачи. Во фокусот основната движечка сила на американското општество – одржување на демократските постулати во земјата. Бајден ја искористи третата годишнина од упадот на поддржувачите на Трамп во Капитол Хил, за промовирање предизборното видео, обвинувајќи го противкандидатот за поттикнување на бунтот и загрозување на демократијата.
„Трамп нема да го направи она што треба да го направи еден американски претседател. Тој одбива да го осуди политичкото насилство. Затоа јас тоа ќе го кажам гласно – насилството никогаш не е прифатливо во политичкиот систем на САД. Тоа никогаш нема место во демократијата. Денеска ви го давам мојот свет завет. Одбраната, заштитата и зачувувањето на американската демократија ќе остане на централното место од моето претседателствување“, изјави Џо Бајден – претседател на САД.
Трамп во негов стил користејќи го талентот на шоу-мен, не остана покус во обвинувањата на противкандидатот. Тврди дека токму Бајден е најголемата опасност за демократијата.
„Помислете само на ова. Сите тие жртви во Украина немаше никогаш да се случат. Жртвите во Израел никогаш немаше да се случат. Израел никогаш немаше да биде нападнат. Украина немаше да биде нападната. Немаше да имаме инфлација. Кина не би размислувала за Тајван. Северна Кореја беше среќна со мене, тие во моментов не се среќни. Нема да им дозволиме да се вратат на власт“, изјави Доналд Трамп – поранешен претседател на САД.
Во позадина на засилената предизборна кампања, американската но и светската јавност со нетрпение ја чека одлуката на Врховниот суд кој треба да пресече, дали Трамп ќе остане во трката за претседателски кандидат, откако судот во Колорадо му забрани учество во изборите. Најавена одлука на 8-ми февруари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…