Добри вести: Се замрзнува маржата на огревно дрво и пелети за огрев на 10%

t

Владата на денешната седница донесе Одлука за определување највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата за: огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев.

-Согласно Одлуката највисоката трговска маржа за овие производи за сите трговци се утврдува во висина најмногу до 10%, објави министерот за економија Крешник Бектеши.

Висината на трговска маржа најмногу до 10% за наведените стоки ќе важи за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на мало, а транспортот за испорака на стоките до крајните потрошувачи не се пресметува во висината на трговската маржа.

Причината за ограничување на трговската маржа се заснова на усогласување на разликите во цените кои сега се присутни во трговијата на мало, односно при продажба на огревно на дрво и пелети за огрев.

КРЕШНИК БЕКТЕШИОГРЕВНО ДРВО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српскиот парламент денеска конечно треба да добие…

Пратениците во Народното собрание на Србија ја…

Русија ги загрозува бродските рути во Црно…

Бугарските власти располагаат со разузнавачки информации и…

Водата во Струга е забранета за пиење

Водата од водоводната мрежа во цела Општина…

Неофицијално: Авраам-Минос Мојсис бил можна цел на…

Авраам-Минос Мојсис, грчки бизнисмен со еврејско потекло…

Денес се празнува Свети Павле Исповедник, патријарх…

Кога блажениот патријарх Александар лежеше на смртна…