Се запали една од најголемите руски рафинерии, Украина го нападна Јарослављ со дронови
Украински беспилотни летала ноќеска ја погодија рафинеријата за нафта во Јарослављ, една од најголемите постројки за преработка на нафта во Русија, потврди украинскиот Генералштаб. Напади биле пријавени и врз Москва и Московската Област.
Во одделна операција бил оштетен и руски стратегиски тежок бомбардер Ту-95 во воздухопловната база Енгелс, во Саратовската Област, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинскиот генералштаб соопшти дека размерите на штетата сè уште се утврдуваат.
Првите снимки, објавени рано утрото од телеграм-каналот „Супернова+“, покажуваат најмалку два одделни пожари на територијата на постројката.
Рафинеријата „Славнефт-ЈАНОС“ во Јарослав годинава осумпати била цел на украински напади. Постројката, која е меѓу петте најголеми во Русија, годишно преработува околу 15 милиони тони нафта и произведува бензин, дизел, керозин и други деривати.
Во последниот напад загинал еден човек, а 27 биле повредени, меѓу нив и патници во автобус врз кој паднале остатоци од дрон.
Одделно, украинските сили погодиле и стратегиски бомбардер Ту-95 во базата Енгелс.
Напади со дронови биле пријавени и во Москва и во Московската Област, додека Русија соопшти дека соборила два дрона.
Нападите на украинските вооружени сили врз рафинериите предизвикаа нова криза со горивото во Русија. Според наводите на новинската агенција Ројтерс, погодени се најмалку 30 региони. За разлика од претходниот бран на недостиг на гориво, кој започна кон крајот на мај и траеше до средината на јули, сегашната криза особено силно ги погодува Москва и Московскиот Регион, според корисниците на социјалните мрежи.
Синџирите на бензински пумпи „Газпром нефт“ и „Татнефт“ веќе ја ограничија продажбата на гориво во Москва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…