Се запали стан во скопски Мичурин, за среќа нема повредени
Попладнево избувнал пожар во стан на четвртиот кат од зграда во скопската населба Мичурин.
Според првичните информации, пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје веднаш излегле на терен со неколку возила и успеале да го локализираат и изгаснат пожарот.
Очевидци потврдуваат дека огнот е целосно ставен под контрола и дека, за среќа, нема повредени. Меѓутоа, пожарот предизвикал значителна материјална штета во станот каде што избувнал.
Засега не се познати причините за избувнувањето на огнот, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани
Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…