Се зголемува бројот на украински бегалци кои сакаат трајно да останат во Германија
Речиси половина од бегалците од Украина, кои пристигнаа во Германија по рускиот напад, сакаат трајно да останат во оваа земја, се наведува во студијата објавена во средата.
„Од над еден милион бегалци кои пристигнаа во Германија по февруари минатата година, 44 отсто имаат намера да останат во земјава подолго време, што е за пет отсто повеќе од последното истражување во летото минатата година“, рече Јулија Косјакова, раководител на „Истражување за миграција, интеграција и меѓународен пазар на труд“ на Нирнбершкиот институт за истражување на трудот (IAB).
Од оние кои немаат намера трајно да останат во Германија, 38 отсто сакаат да се вратат во Украина, а 30 отсто сакаат да „одржат блиски односи со Германија“, што значи делумно да живеат овде. Ова особено се однесува на оние бегалци чиј партнер сè уште живее во Украина.
Со 18 проценти, стапката на вработеност е само минимално зголемена од последното истражување. Авторите на студијата ова го поврзуваат со фактот дека огромното мнозинство Украинци моментално посетуваат курсеви за интеграција и не се достапни за пазарот на трудот. И стапката на оние кои учат германски е многу висока, со над три четвртини.
Две третини од анкетираните, кои се уште немале работа на почетокот на оваа година, имаат намера да започнат со работа во текот на годината.
Од милион бегалци кои пристигнаа во Германија минатата година, околу една третина се деца. Според анкетите, повеќето деца се чувствуваат добро во Германија.
Авторите на студијата побараа од германската влада да го продолжи специјалниот статус на украинските бегалци по мај 2024 година и да обезбеди потрајна перспектива за престој во Германија.
До крајот на годината треба да стапи на сила новиот германски закон за имиграција, кој треба да ja олесни имиграцијата на квалификувана работна сила во Германија, од што би можеле да имаат корист и бегалците од Украина кои ќе одлучат да останат во Германија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…
ЕУ ветува 6,1 милијарда евра за Украина,…
Европската унија ќе ѝ обезбеди на Украина…
Зеленски пристигна во тридневна посета на Канада
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во тридневна…
Трамп: Путин сака договор за завршување на…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…