СЕ ЗГОЛЕМУВА РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБА НА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ.. Застрашувачка најава од близок човек на Путин!
Кремљ денеска соопшти дека Западот ја покажал својата агресија кон Русија, но кога станува збор за нуклеарното оружје, Москва има своја доктрина и тоа нема да се промени. Генералниот секретар на рускиот совет за безбедност Николај Патрушев, моќен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, денеска изјави дека „деструктивната“ политика на САД и нивните сојузници го зголемува ризикот од употреба на нуклеарно, хемиско или биолошко оружје.
Запрашан да ги коментира изјавите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече:
-Патрушев е секретар на Советот за безбедност. Тој е дел од Кремљ. А неговите изјави се изјави од Кремљ. Што се однесува до Руската Федерација, ние имаме доктрина во која сѐ е јасно наведено. Нема промени. Тоа го потврди и претседателот – рече портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, на прашањето како ја коментира изјавата на Патрушев.
Како секретар на рускиот Совет за безбедност, Патрушев е во центарот на одлучувањето за надворешната и безбедносната политика. Патрушев не даде конкретни детали за тоа каде би можело да се користи оружјето за масовно уништување, но го обвини Вашингтон дека не успеал да донесе мир на Блискиот Исток и дека придонесува за ескалација на војната во Украина со поддршката што му ја дава на Киев.
Секретарот на рускиот Совет за безбедност рече и дека Западот со години ја подготвувал Украина за војна со Русија и дека Украина се обидела да ги нападне руските нуклеарни централи, вклучувајќи ги електраните Ленинград, Калининград и Курск. -На 26 октомври, украински UAV (беспилотно летало) удри во складиште за нуклеарен отпад во областа на нуклеарната централа Курск – рече Патрушев во изјавата објавена на руската државна телевизија.
Ројтерс не можеше да ги потврди неговите тврдења, за кои тој не понуди конкретни докази. Украина веднаш не коментираше. 72-годишниот Патрушев е поранешен офицер на КГБ, кој го познава Путин од 70-тите години кога работеле заедно во советската служба за безбедност. Според Ројтерс, неговите изјави даваат увид во начинот на размислување во самиот врв на елитата на Кремљ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Напад на полицајци со нож во…
Двајца француски полицијци синоќа биле повредени со…
(Фото) Некој удрил срна со кола и…
Активисти итно бараат помош за срна која…
Водата во Скопје е безбедна за пиење,…
Во јавноста во изминатиот период се појавија…
Андоновска: Со години институциите пријавувале неправилности со…
Мали Фрчко не само да намали, туку…
ВЛЕН: ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР НЕ Е ТАПИЈА НА…
Прес-конференција на ВЛЕН Пред дваесет и пет…