Се менуваат протоколите при дојави за бомби: Додека полицијата проверува – наставата продолжува

t

По 4 месеци откако Македонија се најде на мета на сајбер напади, се менуваат безбедносните протоколи за реакција на дојавите за бомби во училиштата.

Целта е да не се попречува наставата додека се прават безбедносните проверки..

Според неофицијалните информации, речиси во сите училишта има присуство на полиција, што ја следи состојбата. При евентуална закана, прво ризикот го проценува полицаецот, а ако има нешто сомнително се повикуваат екипи за антитероризам. Родителите и децата пак се информирани дека во училиштата ќе се користи само еден влез, а и тој за време на настава ќе биде затворен.

Детали официјално се уште не е се откриваат, иако министерот за внатрешни работи Спасовски, веќе најави дека полицијата врши 24 часовни патроли околу училиштата.

Патролно ги обезбедуваме сите училишта 24 часа, меѓутоа упатството е така кое што укажува дека веднаш по дојавата ќе мора да се преземаат мерките кои што се преземаат и од тоа не смееме да отстапиме, затоа што никој не може да понесе одговорност ако не е постапено согласно упатствата, затоа колегите мора да постапуваат, но не останавме само на постапувањето, бараме начини како да дојде до решение на оваа состојба.

Конкретните мерки што се очекува да важат веќе од понедленик треба да бидат дефинирани денеска, на состанок на премиерто Ковачевски со министрите за внатрешни и за обраозвание..

-Ние како систем не сме ја загубиле оваа сајбер војна и нема да ја загубиме. Оваа сајбер војна и хибридни напади се дел од војаната што се води во Украина и тоа веќе на сите ни е јасно, бидејќи не се случува само кај нас, туку и кај голем број држави-членки на НАТО. Обврска на МВР е да ја обезбеди безбедноста на граѓаните. Во согласност со протоколите за борба против тероризам, тие мора да спроведуваат процедури што се пропишани во согласност со законот, како во сите држави. Заради спречување напуштање на училиштата, секојдневно се работи за да се најде начин каде ќе се обезбеди сигурност дека дојавите за бомби се лажна, а да продолжи наставата“, рече Ковачевски.

За најавите за промени на безбедносните протоколи, реагира лидерто на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.. Рече дека неколку директори на училиштата го динформирале дека добиле насоки да не пријавуваат доколку пристигне заканувачка електронска пошта.

Неделава како преодно решение, МОН и училиштата огранизираа он-лајн настава отакко деацата и професорите си заминуваа дома по евекуацијата на училиштата, но од иницијативата „Настава и учебници мора да има“ испратиле писмо до МОН, во кое жестоко се спротивставуваат ова да биде трајно решение и се закануваат со протести ако за две недели ситуацијата не се нормализира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…

Илон Маск се приклучи на сè погласните…

Невини биле: Бугарската ДАНС негира дека ја…

Агенцијата го оспорува потеклото на снимките и…

(Фото) Ја тепал во автомобил додека не…

Охридската полиција утрово привела 31-годишен маж по…

УАПСЕНИ 11 ВОЗАЧИ: Возеле пијани и без…

МВР соопшти дека 11 возачи се лишени…

Холандија разгледува „црна фаза“: Супермаркети со генератори…

Холандските супермаркети и Министерството за земјоделство разговараат…