Објавено на:

Се огласија родителите на извршителот на масакрот во Сиднеј- откриле дека имал шизофренија

t

Помошникот на полицискиот комесар на Квинсленд, каде што живеат родителите на Џоел Каучи, масовниот убиец од трговскиот центар во Сиднеј, денеска изјави дека Каучи боледувал од шизофренија од рана возраст, дека пред крвавиот напад спиел во возило или во евтини хостели и дека, меѓу другото, бил и деловна секси придружба.

Неговото семејство потврдило дека Каучи не бил во редовен контакт со родителите, но понекогаш ѝ праќал пораки на мајка си да и каже каде бил, објавија австралиските медиуми.

Роџер Лоу рече дека на Каучи му била дијагностицирана ментална болест на 17-годишна возраст и дека неговото ментално здравје дополнително се влошило во последниве години, но тој никогаш претходно не бил во конфликт со законот.

Според помошникот комесар на полицијата во Квинсленд, семејството на Каучи ја контактирало полицијата откако ги видело снимките од фаталниот напад на телевизија и „помагале во сите елементи на истрагата“.

Во меѓувреме, семејството на масовниот убиец кој уби шест лица и повреди многу други во напад со нож во трговскиот центар „Вестфилд Бонди Џанкшн“, го прекина молкот.

Родителите на Каучи, Ендру и Мишел, рекоа дека постапките на Џоел биле „навистина ужасни“.

„Апсолутно сме уништени од трауматичните настани што се случија вчера во Сиднеј. Нашите мисли и молитви се со семејствата и пријателите на жртвите и оние кои се на лекување“, изјавија родителите на убиецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина лансира сонда која ќе собира примероци…

Кина ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на…

„На 8-ми мај излезете на гласачките места…

Ќе изгради ли Русија воена база во…

Отворањето на руска воена база во Централноафриканската…

Ковачевски: Во среда гласајте ЗА европска иднина,…

На вечерашниот митинг во Радовиш, претседателот на…