Се огласи адвокатката на таткото на Коста: Оружјето е чувано законски
Адвокатката на Владимир К., чиј син Коста. К. уби девет и рани седум лица во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, изјави дека оружјето и муницијата на осомничениот биле обезбедени со закон.
Ирина Боровиќ изјави дека Владимир ги чувал муницијата и оружјето кои биле пронајдени согласно прописите, како и дека има соодветни дозволи за целото оружје и дека е член на Спортскиот сојуз.
-Сè беше во целосно легален посед, обезбедено, заклучено, под шифри, дури и дополнително обезбедено во однос на она што го пропишува законот – посочи таа.
Боровиќ, во името на семејството на Владимир и неговиот син, изрази сочувство до семејствата на убиените и побара од медиумите да бидат повнимателни кон семејствата на убиените и осомничените.
Вишиот суд во Белград на таткото на момчето кое уби осум ученици и чувар во училиштето „Владислав Рибникар“ му одреди 30-дневен притвор, соопшти судот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…
Сè уште е неизвесно дали ректорот на…
Стан во Белград платен 2,6 милиони евра,…
Во првата половина од 2026 година, најскапо…
Уапсен Турчинот осомничен дека ја убил и…
Турски државјанин на возраст од 25 години…
Родителите од Долни Балван на протест против…
„Моменатлно имаме 14 деца и нив ќе…
“Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да…
На денешен ден, 16 јуни 1943 година…