Објавено на:

Се огласи Захарова: Сите под знамето на врховниот командант! Господ нека нè чува!

t

Имаме еден врховен командант. Не два, не три. Еден. И ги повика сите да се обединат, вели портпаролката на руското МНР, Марија Захарова на нејзиниот канал на Телеграм.

-Ова е сега главната работа. Сите ние имаме свој став кон се. Но, во историјата доаѓаат моменти кога личните потреби треба да се остават настрана за подоцна. Дури и ако мислите дека сте 100% во право. Зошто? Да, затоа што ако не се обединиме сега, ако секој е за себе или за своја визија за ситуацијата, ништо повеќе нема да биде важно.
Само единство. Единство под знамето на врховниот командант.

Непријателот само го чека нашиот граѓански судир.

Момчиња! Зад вас се децата, жените, вашите родители! Земјата е зад вас. Зад вас е се што браните со оружје во раце. Зад вас се гробовите на оние кои не се поштедија. Издржете и не попуштајте.

Разбирам дека искушението да го ставите вашето мислење над интересите на државата и народот е големо. Но, ако само подлегнеме на тоа, сè за што живееме и се бориме, секој на своето место, ќе се урне.

Обединиете се. Вие сте браќа. Не ги штитите интересите на поединци, туку на сите нас. Вие го штитите вашето огромно семејство. И ние веруваме во вас, како што секогаш верувавме и ве поддржувавме.

Денес сите сме во искушение, ги тестираме нашите сили. Не попуштајте! Заедно со претседателот! Господ нека не чува! – напиша Марија Захарова на Телеграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…

Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…

И Македонија ќе треба да излезе од…

Русија ќе се обиде да ја искористи…

НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…

Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…