Објавено на:

Се огласи мајката на Данка Илиќ: Ме болат обвинувањата и шпекулациите

t

Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче Данка Илиќ, првпат открива дека го погледнала видеото снимено во Виена, одговара на обвинувањата дека гуглала граничен премин за Романија и тврди дека е повредена од медиумските шпекулации дека таа стои зад сѐ, објави медиумот Нова.рс.

Ивана наведува дека таа и нејзиниот сопруг се заедно, дека секојдневно се борат нивното дете што побргу да се врати дома, но и дека со денови се шират бројни небулози за неа.

-Се држиме колку што можеме, само што побргу да се најде Данка, чекаме сето ова да заврши, се надеваме на најдоброто, а потоа јас и мојот сопруг ќе се огласиме јавно и ќе одговориме на сите навреди, прозивки и небулози. Затоа не се огласуваме. Сите овие шпекулации, кои ја префрлаат вината на мене и на мојот сопруг, ме болат, вели оваа мајка.

Ивана открива што се крие зад текстовите на некои таблоиди во кои пишува дека со вештачење на нејзиниот мобилен е откриено дека пребарувала гранични премини со Романија, а и колку може кривично да одговара.

-Телефонот беше на вештачење, само тоа ќе го кажам. Да беше така, немаше да бидам мајка која си го бара детето, мојот статус ќе беше поинаков. Само Данка да се врати жива и здрава, а потоа ќе разговараме за сѐ, вели Ивана.

На прашањето дали го гледала видеото во Виена на кое наводно се гледа нејзиното дете, Ивана вели дека го гледала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српскиот парламент денеска конечно треба да добие…

Пратениците во Народното собрание на Србија ја…

Русија ги загрозува бродските рути во Црно…

Бугарските власти располагаат со разузнавачки информации и…

Водата во Струга е забранета за пиење

Водата од водоводната мрежа во цела Општина…

Неофицијално: Авраам-Минос Мојсис бил можна цел на…

Авраам-Минос Мојсис, грчки бизнисмен со еврејско потекло…

Денес се празнува Свети Павле Исповедник, патријарх…

Кога блажениот патријарх Александар лежеше на смртна…