Се огласи МНР: Еве зошто се протерани руските дипломати од Македонија!

t

Министерството за надворешни работи на Република Македонија се огласи по протерувањето на тројцата руски дипломати од Македонија, со објаснување дека ја прекршиле Виенската конвенција за дипломатски односи.

– На 12 септември, во Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската Федерација кому му беше врачена дипломатска нота, со која тројца дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје беа прогласени како непожелни во државата (persona non grata).

Ваквата одлука е донесена по информациите добиени од надлежните органи за превземени активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи, соопштија од МНР.

Во текот на вчерашниот ден настанот го коментираше и портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, која ѝ порача на Македонија дека ваквите дејствија нема да останат без соодветен одговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…