Се огласи ТАЈНАТА СЛУЖБА на САД по синоќешниот инцидент
Американската Тајна служба на САД со остра реторика реагираше по синоќешниот вооружен напад на вечерата за новинари во Вашингтон, оценувајќи дека напаѓачот „се обидел да предизвика национална трагедија“, но бил спречен уште во првата фаза.
Во официјалното соопштение, заменик-директорот Метју Квин порача дека напаѓачот сериозно ја потценил подготвеноста на безбедносниот систем.
„Вечерва една кукавица се обиде да предизвика национална трагедија. Ги потцени заштитните способности на Тајната служба и беше запрен уште при првиот контакт“, се наведува во изјавата.
Квин нагласи дека инцидентот ја потврдил ефикасноста на таканаречената „слоевита безбедносна стратегија“, иако напаѓачот успеал да влезе во лобито на хотелот.
„Системот издржа, а напаѓачот го чекаа уште многу пречки. Силата на нашиот распоред беше очигледна. Тој налета на ѕид уште на првата точка“, изјави Квин.
Според него, дури и да продолжел понатаму, осомничениот немал реални шанси да стигне до американскиот претседател Доналд Трамп, поради повеќеслојниот систем на обезбедување.
Во соопштението беше упатена и благодарност до агентите и партнерските служби кои учествувале во интервенцијата.
„Бескрајно сум благодарен на храбрите мажи и жени од Тајната служба, како и на нашите ценети партнери од агенциите за спроведување на законот“, се наведува во изјавата.
Инцидентот повторно отвори прашања во јавноста за тоа како напаѓачот успеал да внесе оружје во хотелот „Вашингтон Хилтон“, и покрај високото ниво на обезбедување, додека истрагата за случајот продолжува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Со секое заминување се прекинува нишка во…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод 8 Септември…
27-годишник од Македонија убиен во Берлин
Дваесет и седумгодишен македонски државјанин од Радуша…
Латвија планира да воведе царина од 300…
Владата на Латвија планира да воведе царина…
Путин постави рок за освојување на Доњецк…
Кремљ поставил нов рок до кој руските…
Главниот обвинител на Украина поднесе оставка по…
Главниот државен обвинител на Украина, Руслан Кравченко,…