Се повампири нацизмот – СПРЕЧЕН ДРЖАВЕН УДАР ВО ГЕРМАНИЈА: “Граѓаните на Рајхот” сакале да упаднат во Бундестагот!

t

Голема акција во Германија, уапсени членови на терористичка група која планирала државен удар!

Во Германија се приведени 25 лица, кои се осомничени дека се членови на терористичка организација или дека ја поддржуваат, а кои, како што се претпоставува, планирале да извршат државен удар со упад во Бундестагот, пренесоа германските медиуми.

Специјалните сили истовремено спроведуваат операции во 11 сојузни држави. Претресот е извршен во 130 куќи, канцеларии и други објекти. Се нагласува дека планот на екстремистите бил да извршат вооружен напад врз парламентот и да ги држат во заложништво политичарите.

Тие очекуваа дека некои делови од безбедносните структури ќе се солидаризираат со нив, што ќе овозможи државен удар.

Поранешни оперативци на „Бундесверот“ планирале да го нападнат Бундестагот, објавија подоцна германските медиуми.

Според Обвинителството, тие се дел од терористичката група „Граѓани на Рајхот“.

Обвинителството соопшти дека меѓу приведените е и еден руски државјанин. Приведените се осомничени дека се обиделе да воспостават врска со претставници на Русија, но тие не добиле поддршка. Обвинителството истакна дека нема причина да се сомнева дека руските функционери ги поддржувале заговорниците.

“Граѓаните на Рјхот” се група која мисли дека Германија е едноставно административна област која се’ уште е окупирана од Западните сили. Според нив, границите од 1937 година на Германската империја, се’ уште постојат. Зборуваме за т.н. „Рајхсбиргер”-и, што во превод значи „граѓани на рајхот”, луѓе кои германските власти ги „окупираат“ со тужби и жалби, а често се користат и со насилство.

„Рајхсбиргер“ движењето е сочинето од помали групи и индивидуалци, а најмногу ги има во германските покраини Бранденбург, Мекленбург Предна Померанија и Баварија. Тие не ја признаваат легалноста на Сојузна Република Германија, ниту легитимитетот на државните органи.

Тие одбиваат да плаќаат даноци и прогласуваат мали „национални територии” на своите имоти кои ги нарекуваат  „Втора Германска Империја“, „Слободна пруска држава“ и „Војводство Германија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Системот на дуално образование во Германија сè…

Во потрага по решение за високите нивоа…

Полска не се откажува од барањето за…

Шефот на полската дипломатија Радослав Шикорски во…

Жител на Тетово остана и без 21.000…

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот…

Бербок: Германија не може да прифати Кина…

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска…

Зеленски удри по Шолц: Не ни дава…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро го критикуваше…