Објавено на:

Се подготвува состанок за ставање крај на војната во Украина: доаѓаат и САД, се огласи и Кремљ

t

Според извештајот на The Wall Street Journal во текот на викендот, Саудиска Арабија има намера да ги покани западните земји, Украина и големите земји во развој да учествуваат во разговорите за ставање крај на војната во Украина.

Целта на овие дискусии, во кои Русија нема да учествува, е наводно да се добие меѓународна поддршка за мировните услови кои ја фаворизираат Украина.

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер најави дека претставници на американската влада ќе присуствуваат на украинскиот мировен самит во Саудиска Арабија.

Во врска со најавените разговори се огласи и Кремљ кој вели дека сака да знае кои се целите на преговорите.

Како одговор на извештаите на WSJ, Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ, рече: „Се разбира, Русија внимателно ќе ја следи оваа средба. Треба да ги разбереме поставените цели и темите на разговор. Секој обид да се постигне мирно решение заслужува позитивно разгледување“, објави Alarabiya News.

Сепак, Песков, исто така, го повтори ставот на Москва дека во моментов не гледа валидна основа за вклучување во мировни преговори со Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…

ЦУК побарал од Градот и од Општината…

Иако поминаа само неколку денови од последната…

Димовски во Германија на средба со менаџментот…

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни…

Израел започна жестоки воздушни напади врз цели…

Израелските вооружени сили започнаа интензивни воздушни напади…

Премиерот на Онтарио му се потсмева на…

Премиерот на Онтарио, Даг Форд, еден од…