Се потврдија информациите на Инфомакс: Скопје ја превзема контролата над полицијата во Кочани, разрешени неколкумина началници
Министерсвото за внатрешни работи денеска разреши седум началници во СВР Штип и ОВР Кочани, поради трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани.
Министерот Панче Тошковски донесе одлука за разрешување на:
-началникот на секторот за внатрешни работи во Штип,
-помошникот началник на СВР Штип,
-началникот во одделението за полиција Штип,
-началникот на одделението за криминалистичка полиција на одделението за внатрешни работи во Кочани,
-командирот на полицијата за општа надлежност во Кочани,
-началникот на надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани.
Со ова практично се потврдија информациите на Инфомакс дека во моментов и во наредните денови локалните полициски службеници во Кочани и поширокиот регион практично се со изземени ингеренции и дека за безбедноста на протестите кои се најавени и за денес ќе се грижат екипи од цела Македонија.
Инфомакс објави и дека десетици граѓани кои биле забележани на вчерашните протести во Кочани кои прераснаа во немири се повикани во полициска станица на информативен разговор во текот на денешниот ден.
Полицијата во Кочани им се пожалила на граѓаните дека тие не се виновни што се повикани во полициска станица туку дека тоа е наредба од горе, мислејќи на Скопје и министерството за внатрешни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драматичен апел на Зеленски: Го забавија „Старшилд“,…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Савески за Алта банка: Секоја кривична пријава…
Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична…
Сведок: Обвинетите полицајци од Пробиштип биле испратени…
Полициските службеници Мартин Арсовски и Дарко Милошевски…
Со јајца и зеленчук гаѓан автомобилот на…
Посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула…
Влегол во стан и се обидел да…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.К.(39)…