Објавено на:

Се појави видео од Пригожин, првпат по бунтот: Добредојдовте во Белорусија момци, направивме многу за Русија

t

Основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, првпат е виден во јавноста откако го предводеше бунтот во Русија минатиот месец, јавува Си-Ен-Ен.

Како што е наведено, на Телеграм, на канал кој ја поддржува групата „Вагнер“, се појавило видео во кое Пригожин ги поздравува своите борци во Белорусија. Видеото беше споделено и на профилот на Пригожин

„Добредојдовте момци! Со задоволство ви посакувам добредојде. Добредојдовте во земјата Белорусија! Се боревме достоинствено! Направивме многу за Русија“, вели маж кој изгледа и звучи како Пригожин.

Во видеото, еден од борците му се обраќа на водачот како „Евгениј Викторович“, што е името и презимето на Пригожин.

Во видеото, лидерот на „Вагнер“ го критикуваше планирањето и извршувањето на воените операции во Украина од страна на руското министерство за одбрана и сугерираше дека неговите војници засега нема да се борат во Украина.

Си-Ен-Ен наведува дека сите индикации се дека видеото е автентично, можеби снимено во навечер во вторник на 18 јули или во зори во среда на 19 јули.

Сепак, видеото е снимено на слаба осветленост, па Си-Ен-Ен не може со сигурност да ја потврди автентичноста и локацијата на снимката.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…