Се работи за ненамерен пропуст: Бадникови поворки му се извинија на г.г. Стефан за кратењето на “македонски” од неговата титула

t

Бадникови поворки му се извинија на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан поради, како што велат тие, ненамерниот протпуст и изоставувањето на зборот македонски од неговата титола.

– Ваше Блаженство, почитуван и сакан наш Архипастиру,

Соочувајќи се со Вашата реакција во јавноста, а во однос на нецелосното презентирање на Вашата титула „Архиепископот Охридски и Македонски” длабоко извинувајќи ви се како организатор на концертот, сакаме да Ве известиме дека се работи за ненамерен пропуст во составувањето на сценариото и воедно да отфрлиме секаква залонамерна предумисла.

Имено, како што внимателно испитавме и утврдивме, непосакуваниот пропуст настана во воведот на сценариото, односно во обраќањето на почетокот, од каде што потоа вашето скратено ословување се појави и на кајронот при Вашето обраќање, при што јавниот сервис МТВ нема никаква вина по однос на ова непредвидено искушение.

А дека се работи за ненамерен пропуст, докажува и тоа што во подоцнежниот дел од сценариото, и од страна на водителот, како и од страна на претставникот на нашето здружение, бевте посочени и повикани на сцената со Вашата полна титула: архиепископ Охридски и Македонски”.

Впрочем, топлиот дух на целата атмосфера, како и љубовта со која Ви се обраќавме – не само ние, туку и пејачката  на концертот, којашто во повеќе наврати Ви се обрати неформално но топло и срдечно – сведочи за нашата верност, посветеност и синовска почит кон Вас. – стои во извинувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи)Македонската Православна Црква ќе се преименува, не…

Бидејќи се поделивме по сите основи, без…

Божиќно пocлание на г.г. Стефан: Да подариме…

Божјата љубов кон нас се покажа во…