Се скараа ли Мицкоски и Сиљановска за кој да биде гувернер на НБРМ?

t

Само врз основа на биографиите, претседателката Сиљановска не можела да донесе конечна одлука за тоа, кој ќе биде следниот гувернер на Народна банка. Вчера разговарала по еден час со сите поединечно, се интересирала и за нивната работа и придонеси на позициите на кои биле претходно и одлучила дека ќе ѝ бидат потребни уште два-три дена за размислување.

За одложувањето на одлуката, која сите ја очекуваа денеска, се повикува на став 3 од член 55 од Закон за Народна банка. Дополнителен аргумент ѝ е фактот што гувернерот на Народната банка претседава со Советот, оттаму е и опфатен со оваа одредба од законот.

Оваа одредба е внесена во Законот за Народна банка во мај минатата година на препорака на ММФ, со цел да се одржи континуитет во работењето на институцијата во случај, до истекот на мандатот да не се избере нов гувернер. Значи и дека нема рок до кога претседателката треба да донесе одлука. Но, таа минатата недела во гостување на Телма тврдеше поинаку.

Во јавноста се шпекулира дека одлуката се одолговлекува, затоа што претседателката и премиерот имаат различни фаворити, но тој негира.

Меѓу тројцата кандидати е и актуелната гувернерка, Анита Ангеловска Бежоска, покрај Трајко Славески и Зоран Ставрески. Нејзиниот седумгодишен мандат истекува на 21 мај. Дојде на функцијата на предлог на претседателот Иванов, откако претходно дотогашниот гувернер, Димитар Богов ја повлече кандидатурата која се проблематизираше, затоа што парламентраното мнозинство прати порака дека нема да го поддржи за уште еден мандат.

Трајко Славески е актуелен претседател на Совет на Град Скопје и поранешен министер за финансии. Зоран Ставрески е, исто така, поранешен министер за финансии и вицепремиер, за кој се шпекулира дека е најсериозниот кандидат за функцијата гувернер на Народна банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…

Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…

(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…

На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…

Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…

Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…

Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…

Запрен романски камион во возната лента можеби…