Објавено на:

Се спукаа Зеленски и Кличко: Кој работел неправилно во време на војна?

t

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко му одговори на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој јавно го критикуваше дека неправилно организирал засолништа за помош на граѓаните кои останале без струја и вода поради руските напади.

Кличко на Телеграм рече дека таквата дискусија нема смисла и дека не сака да влегува во политичка битка во таква ситуација.

Претседателот Зеленски ги предупреди Украинците да се подготват за нови руски напади и можни прекини во снабдувањето со електрична енергија.

„Разбираме дека терористите планираат нови напади. Тоа сигурно го знаеме. И додека имаат проектили нема да се смират, за жал. Но, нашата способност да си помагаме и да се грижиме за оние на кои им е најтешко – постарите, семејствата со деца, оние кои останаа без домови и роднини поради војната. Нашата взаемна помош е еден од елементите на заштита од тероризам и е наша сила“, рече Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Зеленски ќе се сретне со Трамп за…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…

Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…

Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…

Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…