Се тресе македонското тло: Три земјотреси за само два часа
Три земјотрси во изминатите два часа се регистрирани во охридско-струшкиот регион. Последниот е регистриран во 23 часот и 05 минути со магнитуда од 2,8 степени по рихтер.
Претходно, регистрирани беа земјотреси со јачина од 2,6 и 2,5 степени по рихтер.
Во соопштението кое го издадоа од сеизмолошката опсерваторија при ПМФ се вели:
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 31.01.2022 година регистрираше земјотреси 100 km јужно од Скопје кои потекнуваат од епицентрално подрачје Пештани-Охрид-Струга. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата два беа почувствувани: првиот земјотрес во 21 часот и 7 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.5 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и вториот во 21 часот и 26 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.6. и интензитет од III-IV степени според истата скала. Земјотресите беа почувствувани од населението во Охрид, Струга, Ресен и околината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Мојсоска: Додека градоначалникот Ќура е на турнеја…
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска со критики…
Градоначалникот на Струга доби кривична – незаконски…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ.(66)…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Стружанец лажел дека го грабнале бандити со…
32-годишен стружанец ќе одговара за лажно пријавување…