Се укинувaат ковид сертификатите за влез во угостителски објекти во Чешка

t

Чешка ќе престане да бара пропусници за Ковид за влез во ресторани и други услужни или забавни места од следната недела, отворајќи ги за невакцинирани лица, изјави денеска чешкиот премиер Петр Фијала.

“Од 9 февруари, потребата за прикажување докази за вакцинација или неодамнешно закрепнување од Ковид-19 за влез во ресторани и други угостителски или услужни простори престанува да важи“, рече Фијала, пренесува Ројтерс.

Владата од 18 февруари ќе го укине и задолжителното тестирање во фирмите и училиштата.

Сепак, мерките кои бараат носење маски во затворени простории и ограничување на бројот на луѓе на јавни настани ќе останат на сила.

Чешкото Министерство за здравство објави рекорден дневен број на новозаразени 57.226 во вторникот.

Вчера беа пријавени уште 43.307 случаи и повеќе од 7.000 повторно заразени.

Сепак, бројот на хоспитализирани сè уште не е зголемен и е далеку под нивоата забележани за време на претходните бранови на пандемијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студија: Карантините за време на Ковид-19 предизвикаа…

Дури и по завршувањето на карантините, забрзаното…

Уште една членка на НАТО остана без…

Помошта ќе продолжи, но на други начини,…

Москва ѝ се закани на Чешка: Ќе…

Одлуката на Чешка за замрзнување на руските…

Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу…

 Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и…

Големи загуби за Фајзер откако “Ковид-лековите” ја…

Фајзер во вторникот објави поголема од очекуваната…