Се чекаат анализи за труењето со храна во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром
Се чекаат резултатите од вонредната инспекција за да се потврди дали станува збор за труење со храна откако 140 деца од прво до трето одделение од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром со стомачни болки, повраќање и дијареја се на домашно лекување. Едно деветгодишно девојче вчера побарало помош на Детската клиника, по прегледот било пуштено на домашно лекување.
По земените примероци од храната како и брисеви од површините на кујната, опремата и вработените, од Агенцијата за храна и ветеринарство посочуваат дека се изречени мерки за чистење на кујната и вонредни здравствени прегледи кај вработените.
Затруените ученици оделе во целодневна настава и во училишната кујна јаделе мусака и бомбици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ги преместија Рубио, Хегсет и Бесент…
Американската влада проценува дека заканата од ирански…
Следува променливо облачно и потопло време, од…
Следува период на променливо облачно време со…
Хакери поврзани со Северна Кореја планирале да…
Компанија за кибербезбедност и управување со глобални…
Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…
По налог на Вишото јавно обвинителство во…
САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…
Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…