Објавено на:

Се јави Европската Комисија: Свесни сме дека Ванчо Михајлов е контраверзен лик, ама мора да се почитваат човековите права

t

Откако вчера не одговори на прашањето, Европската Комисија денеска испрати кус коментар за отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, јави дописничката на МИА од Брисел.

За потсетување, МИА вчера побара реакција од Европската Комисија за посетата на бугарската владина на овој клуб со контроверзно име во Битола и за изјавите за нова блокада на ЕУ процесот поради билатерални спорови, но одговор доби само за вториот дел.

Денеска од Европската Комисија до МИА испратија кус коментар за името на клубот, но без осуда.

-Од блиску ги следиме настаните, како и одговорите на настаните. Свесни сме дека отворањето на бугарскиот културен клуб во Битола именуван по фигура која е перципирана како високо контроверзна во Северна Македонија, предизвика силни реакции кај граѓаните, стои во писмениот одговор на ЕК. 

Понатаму Комисијата додава дека „почитувањето на човечкото достоинство, владеењето на правото и почитувањети на човековите права се темелни вредности врз кои е изградена ЕУ“. Веднаш потоа во реакцијата повторно се охрабруваат двете страни да изнајдат заеднички прифатливо решение за билатералните прашања и се потенцира важноста на добрососедските односи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…

Собраниската Комисија за прашања на изборите и…

Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…

Марија Јаничевска е предложена за директорка на…

Марија Јаничевска е предлог за директорка на…

Софистицираните системи „Пегасус“ и „Предатор“ под лупа…

Денеска истекува крајниот рок до кога надлежните…